ФОТО | „Што си направила со лицето?“: Марија Шарапова непрепознатлива на Модната недела во Париз

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Една од најубавите спортистки во светот, поранешната руска тенисерка Марија Шарапова (36)  сподели фотографии од себе на Модната недела во Париз, а со својот изглед ги шокираше следбениците.

На фотографиите Марија позираше во фармерки и тексас кошула, кои ги комбинираше со црна ташна и чевли. Многумина во коментарите на нејзиниот инстаграм-профил порачаа дека таа многу се променила, па дури и дека е непрепознатлива.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Господе, дали навистина е ова Марија? Невозможно. Што и е со нејзиниот нос?“; „Не те препознав, си го уништи изгледот“; „Не, ова не си ти“; „Ми недостига старата, природна Марија “; „Што ти се случи?“, „Што си направила со лицето?“, беа само дел од коментарите на загрижените обожаватели.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Потсетуваме, познатата атлетичарка веќе подолго време живее во САД, а на 1 јули 2022 година стана мајка и на свет го донесе синот Теодор, кој го доби со својот вереник, британскиот милионер Александар Гилкс.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Таа го освои Вимблдон во 2004 година кога имаше само 17 години, а две години подоцна го освои и УС Опен. Таа го освои Австралија опен во 2008 година, а во 2012 и 2014 година го освои Ролан Гарос. На Олимписките игри во Лондон во 2012 година таа освои сребрен медал. По повлекувањето од тенисот, таа лансираше свој брен, кој нуди секакви слатки и бонбони во повеќе од 20 земји низ светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот