ФОТО | Шакира го „запали“ Инстаграм: Пејачката објави заводливи фотографии со згоден актер

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Шакира го „запали“ Инстаграм со новите фотографии. Колумбиската пејачка позираше заводливо со Лусиен Лависконт, ѕвездата на серијата „Емили во Париз“.

Странските медиуми пишуваат дека згодниот британски актер ќе биде главна ѕвезда на спотот за нејзината нова песна „Punteria“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

На фотографиите Шакира позира во прегратките на Лусиен облечена во розов фустан, а нејзината коса исто така е розова. Лависконт е без кошула и позира само во бели шорцеви. Фотографиите предизвикаа бројни реакции на мрежите, а на пејачката ѝ беше напишано дека сега „заменила Твинго за Ферари“, повикувајќи се на текстот на нејзината песна.

Фото: Принтскрин / Инстаграм
Фото: Принтскрин / Инстаграм

Да потсетиме, Шакира по седум години го издава новиот албум „Las Mujeres Ya No Lloran“ кој ќе излезе на 22 март. Новиот албум вклучува 16 песни – осум нови, плус ремикс и седум претходно објавени хит синглови кои веќе имаат вкупно 3,7 милијарди пуштања на „Спотифај“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Создавањето на овој албум беше алхемиски процес. Пишувајќи ја секоја песна се обновував. Додека ги пеев, моите солзи се претворија во дијаманти, а мојата ранливост во сила“, изјавила Шакира за албумот.

ФОТО | Шакира има нова љубов: Тој е сосема поинаков од Пике

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот