ФОТО | Сергеј Трифуновиќ ќе застане на „лудиот камен“: Убавата Исидора го покажа свршеничкиот прстен

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Поранешната водителка на Инста ТВ (Пинк), Исидора Мијановиќ му кажа „да“ на српскиот актер Сергеј Трифуновиќ. Таа на својот инстаграм-профил објави фотографија од свршеничкиот прстен, каде ја следат повеќе 12.000 луѓе.

Судејќи според социјалната мрежа Инстаграм, српскиот актер Сергеј Трифуновиќ ќе застане на „лудиот камен“.

Имено, неговата сега веќе свршеница објави фотографија од свршеничкиот прстен, како и страсен бакнеж од ресторанот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Сергеј исто така ја сподели истата црно-бела фотографија, а може да се види дека се работи за прослава на роденденот на неговата свршеница Исидора Мијановиќ, бидејќи на инстаграм-приказните пред фотографиите од свршувачката, се наоѓаат честички од нејзините пријатели.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

Таа го покажа и прекрасниот прстен со соодветен опис – „време е да ви соопштам дека се мажам“.

Инаку, Исидора Мијановиќ е поранешна водителка на телевизија Инста, а моментално се занимава со продукциска работа, на Инстаграм ја следат над 12.000 луѓе.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Таа е позната и по врската со кошаркарот Нино Челебиќ, кој, пак, беше во врска со пејачката Теодора Џехверовиќ.

Сергеј Трифуновиќ беше во љубов со многу познати дами, но последниве години љубоморно го чуваше својот приватен живот од медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот