ФОТО: Серафимов во тимот на полусезоната во унгарскиот шампионат

серафимов
Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов во дресот Залаегерсег/Фото: Horváth Krisztián/ztefc.hu/hu

Признание доби македонскиот репрезентативец Никола Серафимов кој има одлични перформанси во дресот на унгарскиот клуб Залаегерсег досега оваа сезона.

Нашиот 22-годишниот играч за својата екипа четирипати се запиша во листата на стрелците против Ѓирмот (2:ѝ1), Ференцварош (2:1), Хонвед (1:3) и Мезоковешд (2:3).

Моментно на табелата Залаегерсег се наоѓа ба петтата позиција со 23 бодови, 12 помалку од водечкиот Ференцварош.

Благодарнеие на неговите настапи Серафимов се најде во тимот на полусезоната во најсилното унгарско првенство.

Во изминатиот период беше објавена шпекулација дека Мол Фехервар во чии редови настапува Адам Муслиу покажа интерес за нашиот фудбалер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот