ФОТО | Семејството, најголема поддршка на Михаил Корубин, на изложбата „ Артокен генеза“ и промоција на книгата „Артокенс“
Многу пријатели, соработници и семејството како најголема поддршка дојдоа вчера на изложбата „Артокен генеза“ на уметникот Михаил Корубин на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Еден од најпознатите уметници од помладата генерација ја промовираше и новата книга „Артокенс“.
Препорачано
Гостите со пофални зборови коментираа за делот од неговата нова серија слики, акрил и масло на платно. Беа изложени и 50 нови, досега необјавени Супериорни Артокени, како и целосно новата серија „Раѓање на Артокените“ (акрил на плексиглас).

Корубин накусо ја објасни инспирацијата за изложбата.
„Сѐ почна од едно изгрејсонце“, рече уметникот.

Во рамките на истиот настан, Корубин ја промовираше и првата Артокен книга, која ги содржи сите досега создадени Супериорни Артокени, скиците од процесот на нивно создавање, како и примарните Артокени за пишување.
Пред Скопје, оваа изложба ја виде и Битола, родниот град на сопругата на Михаил Корубин, Каролина Гочева, а се одржа во септември во галеријата „Магаза“.

Корубин е дел од познато уметничко семејство. Татко му, сликарот Рубенс Корубин беше на изложбата, како и мајката, модната дизајнерка Лиле Корубин, сопругата, поп-ѕвездата Каролина Гочева и многу други.





