ФОТО | Сексапилната хрватска новинарка во страстна љубов со легендата на Реал Мадрид

Фото: Инстаграм/Профимедиа

Последниве недели хрватаските и странските медиуми ги полнат романтичните дружења помеѓу поранешниот капитен на Реал Мадрид, Фернандо Иеро (53) и хрватската новинарка Фани Стипковиќ (39).

Папараците ги уловиле на излегување од ресторанот во Мадрид, каде што вечерале. Сексапилната Фани носела црн фустан, црни чевли на потпетици и сив капут, додека Фернандо носел долчевита и темно палто.

Фото: Профимедиа

„Парот наводно е заедно повеќе од две години, но врската се уште јавно не ја признале. Тие почнале заедно да живеат за време на карантинот, и тоа надвор од Мадрид, каде Фани со години ја гради својата кариера. Тие не се свршени, но не ја исклучуваат ниту таа можност“, изјавил за „Стори.хр“ извор близок на парот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fani Stipkovic (@fanistipkovic)

Нив ги споила работата, односно љубовта кон спортот, а водителката го маѓепсала и семејството на Фернандо и децата со кои се согласува.

Фани и Фернандо првпат беа „уловени“ лани, поточно на почетокот на декември на трибините на Дејвис купот. Убавата Хрватка го следела финалето меѓу Хрватска и Русија во друштво на познатиот фудбалер.

Фото: Профимедиа

Фани со својот избраник го прославила и Божиќ. Друштво им правел и неговиот син Алваро.

Фото: Инстаграм/Принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот