Фото; Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | „Сега сите знаат дека имавме секс“: Пит Дејвидсон, кој ги заведе најголемите холивудски убавици ќе стане татко!

Американскиот комичар Пит Дејвидсон, кого многумина го нарекуваат најголем заводник во Холивуд, и неговата девојка, моделот Елси Хјуит, го очекуваат своето прво дете.

Елси ја сподели среќната вест на своојт инстаграм-профил и напиша: „Па, сега сите знаат дека имавме секс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by elsie (@elsie)

Таа објави неколку фотографии и видеа од нив заедно, вклучувајќи фотографија и од ултразвук. Бројни следбеници им честитаа за нивното бебе во коментарите.

Гласини дека двојката е во врска почнаа да се шират во март оваа година, а тоа набрзо беше потврдено. Тие за првпат беа видени заедно како уживаат во Палм Бич. Извор два месеци подоцна изјави дека тие почнале да живеат заедно. Во 2022 година, Дејвидсон изјави во емисијата „Од срце до срце“ дека неговиот најголем сон е да стане татко.

„Навистина сум возбуден за тоа поглавје во мојот живот, па затоа сега се подготвувам за тоа. Се обидувам да бидам добра личност и да одам напред, за кога ќе се случи, да биде полесно“, рекол тој.

Инаку, Пит ја заработи титулата најголем холивудски заводник затоа што ги освои срцата на многу познати дами. Имено, тој претходно се забавуваше со Кејт Бекинсејл, Ким Кардашијан, Аријана Гранде, Каја Гербер, Емили Ратајковски и многу други.

Пит Дејвидсон, кој ги заведе најголемите холивудски убавици, има нова девојка која не е славна личност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот