ФОТО | Се сретнаа најниската жена и највисокиот маж на светот: Голема е колку неговиот чевел
Иако има речиси два метри разлика меѓу нив, највисокиот маж на светот и најниската жена на светот најдоа заеднички јазик кога се сретнаа оваа недела.
Препорачано
Турскиот султан Косен од градот Мардин е висок два метри и 51 сантиметар и ја носи титулата за највисок човек на светот, пишува „Телеграф“.
Султанот Косен ја запозна својата колешка Гинисова рекордерка, Џиоти Амге, висока нешто повеќе од 62,8 см, кога се сретнаа во Калифорнија во понеделникот.

Седејќи со скрстени нозе заедно на подот, не можеше да биде поочигледен нивниот драстично различен раст.
Едното стапало на г-дин Косен е 36,5 см, што е повеќе од половина од висината на г-ѓа Амге.
Косен и Амге влегоа во Гинисовата книга на рекорди во 2011 година и оттогаш немаат конкуренција.

Покрај висината, со раце долги 27,5 сантиметри и стапала долги 36,5 сантиметри, Турчинот влезе во Гинисовата книга на рекорди во 2009 година. По шест години, Косен и Амге повторно се сретнале во Калифорнија каде заедно појадувале, а на крајот се фотографирале за спомен. Двајцата во вторник патуваат за Лос Анџелес на покана на американски продуцент кој ќе ја овековечи средбата на највисокиот маж и најниската жена на светот.



