ФОТО | Се сликал со позлатени калашникови и сакал брзи коли: Кој е човекот осомничен за убиството на Словенецот?
Според неофицијални информации, осомничен за убиството на таткото во Словенија е Сабријан Јуркович кој има само 21 година, а неговиот профил на социјалните мрежи открива страст кон оружје, брзи германски автомобили и кон балканска музика.
Полицијата по крвавиот ноќен инцидент во Ново Место уапсила 21-годишен осомничен, за кој се верува дека е не му е првпат да лежи затвор. Неофицијално, тој е единствениот напаѓач врз мажот, иако полицијата сè уште ја разгледува можноста дека во нападот учествувале и други, објави „Словенске новице“.
Препорачано

Според неофицијални информации, приведениот е Сабријан Јуркович од ромската населба Миховица кај Шентјернеј. Има само 21 година, а неговиот профил на социјалните мрежи открива страст кон оружје, брзи германски автомобили и балканска музика.
На една од фотографиите што ги објавил Јуркович се гледаат позлатени калашникови.

Како што известуваат словенечките медиуми, во саботата околу 2:30 часот по полноќ, пред познат локал во Ново Место, група напаѓачи жестоко го претепала 48-годишниот Алеш Шутар, кој дошол по својот син.
Синот го повикал бидејќи му се заканувала група Роми. Алеш го нападнале пред локалот и го претепале толку тешко што бил пренесен во новомешката итна служба со тешки повреди на мозокот.
Настанот ја потресе Словенија и предизвика оставка на двајца министри — министерот за правда, Андреја Катич, и министерот за внатрешни работи, Боштјан Поклукар.
Словенија на нозе: Маж брутално претепан до смрт од Роми во Ново Место
На социјалните мрежи се појави и видеоснимка од ноќниот напад пред клубот, чијшто автор е непознат.
На снимката се гледа човек што лежи неподвижен на тротоар, додека очевидци се обидуваат да го смират напаѓачот, а една жена моли да го остават бидејќи „е сиромав“.
Полицијата потврди дека била известена за тепачката, а генералниот директор Дамјан Петриќ изјави дека полицијата две години пред смртта на Алеш била повикана на истата локација, но дека настаните не се поврзани.
Според него, било утврдено дека станувало збор за тепачка меѓу тројца.
Во наредната недела се најавени неколку собири и протести, и во главниот град, поради сметањето дека државата целосно ја промашила политиката кон ромската заедница.
Словенија е на нозе, а смртта на Алеш Шутар се смета за „капка што ја прели чашата“, особено по емотивната сцена кога неговата ќерка, плачејќи, изговорила „Мој тато,“ за време на утринското палење свеќи во негова чест.
Словенија: Осомничениот за убиството во Ново Место денес пред истражен судија


