ФОТО | Се сеќавате ли на оскаровскиот фустан на Деми Мур кој самата го направила? Го нарекоа „бизарна катастрофа“!

Фото: Printskrin / Dzemetri / Iks

„Му благодарам на Бог што нема дизајнер којшто би можеле да го обвиниме“, порачала тогаш една репортерка за креацијата без која денес го нема списокот на најголеми модни промашувања на доделувањето на Оскарите.

Кога ќе помислите на фустаните од црвениот тепих пред свеченото доделување на Оскарите, пред очи ви се излегуваат бајковити креации инспирирани од стилот на принцезите, фустани со балски крој во кои се вложени најскапите материјали, трудот на најголемите мајстори и часови, часови работа.

Меѓутоа, еден од највпечатливите оскаровски фустани во историјата е спротивно од сето тоа!

Тој фустан го носела Деми Мур во моментот кога била најголема светска сензација, а фустанот бил оценет како „бизарна катастрофа“, иако денес – што и да мислиме за него – е дел од историјата.

 


Во периодот додека била во брак со Брус Вилис, актерката на доделувањето на Оскарите во 1989 година, пристигнала во хибридна креација, мешавина на боди и фустан, којшто го направила сама. За да ја создаде таа необична креација користела велосипедски хеланки од спандекс, ексцентричен корсет и металик ткаенина со цветен дезен.

Фустанот во предниот дел бил краток, позади долг и раскошен, имал длабок и храбар изрез и долги ракави.

Најмногу се зборувало за кратките хеланки со тантела и корсетот од кадифе на врзување, додека светкавиот цветен принт на здолништето навистина бил во духот на 80-тите, а посебен детаљ бил металик градникот што ѕиркал од корсетот.

 


„Му благодарам на Бог што нема дизајнер којшто би можеле да го обвиниме“, изјавила репортерката на „Woman’s Wear Daily“ во тоа време кога ја прогласиле Деми Мур за најлошо облечената жена на оскаровската вечер.

Не е познато дали станува збор за најевтиниот фустан од доделувањето на Оскарите, но секако тој е еден од најдоминантните на листата најгрди креации.

Деми Мур никогаш подоцна не ја спомнувала оваа своја епизода на креативност, а едно е сигурно – била многу храбра да го облече тоа!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот