ФОТО | Се појави мурал со ликот на Бора Чорба во Јагодина: Млад уметник ја исполни желбата на татко си
Само неколку дена по неговата смрт, рок легендата Бора Ѓорѓевиќ – Чорба доби мурал со неговиот лик во Јагодина благодарение на младиот уметник од овој град, Сава Мавариќ, попознат како СаскиАрт, пишува „РТС“.
Сава ја исполни желбата на својот татко и на зградата ја наслика една од најголемите рок легенди во регионот. Заедно со прецизно нацртаниот лик на Боро, напишан е насловот од неговиот голем хит – „Погледај дом свој анџеле“.
Креирањето на муралот траело три дена, или како што навел Сава на својот инстаграм-профил, точно 22 работни часа за слика со димензии два и пол метри на пет и пол метри.
„Патувај мирно, наш Боро. Бевме многу потресени од веста дека не остави, особено татко ми, кој веќе, знаеш, те следеше насекаде… Неописливо ми е драго што те запознав, тоа беше во 2012 година во Белград на промоцијата на твојата нова книга (8-ма слика)…тоа е единствениот пат кога зборував со тебе, се сликав…
Мило ми е што пораснав со твојата музика, ќе продолжам да ја слушам додека сум жив! Фала за сè, уметнику!
Што се однесува до муралот, барав да најдам соодветна слика…и ја најдов, ти и твојот микрофон! совршена слика за муралот….што се однесува до потписот од левата страна на муралот, тоа е оригиналниот потпис на Бора Ѓорѓевиќ (5-та и 6-та слика), татко ми има цела тетратка каде што ги чува сите работи поврзани со ‘Рибља Чорба’…тоа го собираше во текот на животот, Бора дури и самиот му напиша неколку песни… десната страна на муралот е можеби насловот на најпопуларната песна на Бора ‘Погледај дом свој анџеле’… убаво наполнет ѕид, сè на свое место… ова ми е омилениот мурал што го имам направено досега“, напишал тој на Инстаграм.
View this post on Instagram