Фото: Битола њуз

ФОТО: Се одржаа „контрапаради“ за семејни вредности во Битола и Скопје, битолскиот собир поброен

Противниците на вчера одржаниот ЛГБТ „Прајд“ во Скопје денеска организираа два своевидни контрапротести, кои ги нарекоа „за зачувување на семејните вредности“.

На денешните настани во Битола и Скопје се собраа забележливо помал број луѓе во споредба со вчерашниот во Скопје.

Како што јавуваат локалните медиуми, на плоштадот “Магнолија“ во Битола се одржа „општ семакедонски Собор за заштита на семејните вредности“, на кој се зборуваше за семејството како еден од најважните столбови на едно здраво и нормално општество, а потоа се одржа и марш по „Широк Сокак“.

Во Скопје, пак, сличен собир се одржа во паркот „Жена-борец“, а на него присуствуваа неколку десетици граѓани.

Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот