Фото: Profimedia

ФОТО | Се издава куќата во Лондон каде живеел Ленин, цената е вистински луксуз

Куќа во Лондон во која на почетокот на 20. век престојувал Владимир Илич Ленин е ставена за изнајмување и тоа по цена од околу 14.500 евра месечно, пишува „Еуроњуз“.

Станува збор за објект лоциран во улицата Грејт Перси, каде Ленин живеел за време на својот егзил во 1905 година, период во кој активно учествувал во политички активности.

Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Денес, куќата е целосно реновирана и прилагодена на современото живеење, но сè уште го задржува историскиот белег. Единствениот потсетник на револуционерот е сината спомен-плоча поставена на фасадата.

Имотот се наоѓа во историскиот дел Клеркенвел и располага со четири спални соби, повеќе дневни простории и уредена градина, а ентериерот е уреден во луксузен стил.

Фото: Rasid Necati Aslim / AFP / Profimedia

За време на престојот во британската престолнина, Ленин учествувал на состаноци на руската социјалдемократска партија и работел на политички публикации, додека дел од неговите активности се одвивале и во локалните пабови во околината.

Денес, ова место од историјата има сосема поинаква улога – дел е од пазарот на луксузни недвижности, достапно за оние кои можат да си дозволат да живеат во дом со богато историско минато.

Пијан Русин се обидел да го украде телото на Ленин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот