фото: EPA/Isaac Fontana

ФОТО | Сантош и Нејмар декласирани од Васко да Гама – навивачите им го свртеа грбот

Нејмар имаше тешка ноќ со својот Сантош – неговиот тим доживеа вистинска катастрофа на домашен терен и загуби со 0:6 од Васко де Гама во бразилскиот фудбалски шампионат.

Срамниот пораз на стадионот МорумБИС во Сао Паоло го остави тимот опасно блиску до зоната за испаѓање. Неколку часа по поразот, раководството на клубот Сантош го отпушти тренерот Клебер Хавиер.

По натпреварот, Нејмар седеше на тревата и плачеше пред сите.

Тренерот на Васко де Гама, Фернандо Диниз, му притрча на помош, го прегрна и го тешеше долго време. За капитенот на Сантош, ова е најголемиот пораз во целата негова кариера.

Навивачите го испратија својот тим со извици „Срам!“ и „Надвор, мрзливи луѓе, почитувајте го Сантош, најдобриот тим на светот!“, а трибините дури почнаа да го скандираат името на аргентинскиот тренер Хорхе Сампаоли, кој моментно е без тим и е сакан од голем дел од навивачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот