ФОТО | Сама си го пукнала водењакот : Ќерката на Брус Вилис се породила дома

Ќерката на Брус Вилис и Деми Мур, Румер Вилис ги откри деталите за домашното породување и го шокираше светот со тоа што откри дека сама си го пукнала водењакот.
Во последно време сѐ попопуларно е жените да се породуваат дома, па тоа го направи и Румер Вилис.
Откако се дозна дека познатиот актер Брус Вилис боледува не само од афазија, туку и од деменција , која полека си го зема својот данок, фокусот не е само на него, туку и на неговото семејство, а особено на ќерките што ги добил од неговиот прв брак со Деми Мур. Во морето на лоши вести, сепак, имаше и добри, тој неодамна стана дедо , неговата постара наследничка Румер Вилис роди здраво девојче пред својата куќа.

Уште во април, Румер и нејзиниот партнер Дерек Ричард Томас решиле таа да се породи во нивниот дом, наместо во болница и добија ќерка, на која и го дадоа името Луета.
Имено, на гостувањето во подкастот „Информирана бременост“ (Informed Pregnancy), таа изјавила дека нејзиното породување било брзо и „се отворила од 5 сантиметри на 20 за околу еден час“, но проблемот бил што водењакот не ѝ пукнал природно, што го потврди нејзината дула која ѝ помогнала.
Да потсетиме, дула е личност која ја придружува трудницата за време на породувањето, и дава емоционална поддршка и ѝ помага што полесно да го донесе бебето на свет.

„Таа ме проверуваше и почувствува дека мојот водењак е испакнат, но сè уште не пукнал, што беше лудо. И така си помислив: „Па, дали да го прободеме?“, објасни Румер, додавајќи дека нејзината дула не само што ја одобрила идејата туку и предложила Румер сама да го стори тоа.
„Го ставив прстот до крај, чувствував сè и беше лудо. Можев да ја почувствувам малата кесичка со вода. Се чувствува како воден балон, но со малку поцврста мембрана“, објасни таа.
