ФОТО | Руска мисица мета на критики: Премногу користи фотошоп, а во живо делува „пластично“

Руската манекенка и пејачка Наталија Оскар победи на годинашното издание на рускиот национален избор за убавина „Mrs World“ („Госпоѓа на светот“), кој е прв меѓународен избор за убавина за жени кои се омажени и традиционално се одржува од 1984 година.
Оскар победи во конкуренција од 83 жени, кои се бореа за гламурозната круна.
И додека убавата Русинка ја прославувала својата победа, гледачите пред малите екрани останале шокирани од нејзиниот изглед. Според многумина, таа изгледала многу поинаку од начинот на којшто изгледа на нејзините фотографии на социјалните медиуми.

Голем број од Русите ја критикуваат Оскар дека премногу користи алатки за уредување на фотографиите, до степен што изгледа непрепознатливо во живо. Исто така, многумина велат дека манекенката изгледа „пластично“ и „непривлечно“ поради нејзините естетски корекции.
„Ако ова е најубавата Русинка, тогаш што да кажеме за останатите?“, „Таа изгледа многу лошо. Па, кои се критериумите и дали воопшто ги има?“, „Постои правило дека не се дискутира за убавина, ама тука и те како може“, велат Русите, кои не се согласуваат со нејзината победа.