ФОТО | Руска манекенка во шок по пластична операција: Не можам да се смеам ниту да отворам очи!

Јулија Тарасевич/Инстаграм

Една руска манекенка го откри хоророт што ја снашол по пластична операција која ја направила, а ужасот е во тоа што ниту може да ги затвори очите, ниту да се насмее!

Јулија Тарашевич е познат руски фотомодел, која била второпласирана на меѓународниот натпревар за Мис пред две години, но набрзо одлучила да направи неколку оперативни зафати на своето лице, во клиника во Краснодар, на југот на Русија.

Мајката на две деца рекла дека по операцијата, лицето станало „потечено“ и воспалено, веднаш откако ја напуштила клиниката, а операцијата чинела 3000 фунти, вклучувајќи фејслифтинг, блефаропластика  (козметичка корекција на капакот) и мини липосукција.

„Дојдов на клиниката со прекрасно, здраво лице. Само сакав да исправам некои ситници на лицето кои се нормални со стареењето. Но, за жал го загубив своето здравје“ – изјави манекенката.

Јулија сега не може да движи одредени делови од лицето, ниту пак може да ги затвори очите, иако закрепнува од операцијата што ја напрви за 20 илјади фунти, во обид да си го спаси изгледот, но безуспешно.

Сега поднесе кривична пријава против двајца лекари кои учествувале на операцијата, а тие тврдат дека компликациите настанале поради редок генетски дефект.

„Имам лузни кои настанаа по отстранување на ткивото. Очите не мми се затвораат и не можам да се насмам. Не можам да ја подигнам горната уста, а еден дел од лицето воопшто не го ни чувствувам. Отидов на операција затоа што претходните анализи ми беа во ред. Бидејќи пред ова имав една операција која помина совршено, немав сомнеж дека нешто вакво може да се случи – во агонија вели манекенката.

Таа сподели на својот инстаграм профил објава во која напиша дека „ќе објасни сè што треба околу операцијата“, откако се појавиле многу лажни профили со нејзино име.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Yulia Tarasevich (@yulia.tarase)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот