Фото: EPA/PRESS INFORMATON BUREAU HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

ФОТО+ВИДЕО | Русите останаа збунети: Моди му се нафрли на Путин со прегратка

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин денеска пристигна во дводневна службена посета на Индија, а на аеродромот во Њу Делхи се случи несекојдневна ситуација поради која Кремљ итно реагираше со соопштение.

Владимир Путин допатува со својата делегација на руско-индискиот бизнис форум, а на аеродромот го пречека индискиот премиер Нарендра Моди, кој го прекрши протоколот за време на пречекот и без знаење на руската страна му пријде на рускиот претседател веднаш откако тој се симна по скалилата од авионот и стапна на црвениот тепих.

Се огласи Кремљ

Кремљ призна дека одлуката на премиерот Нарендра Моди лично да прошета по рампата и да го пречека претседателот Владимир Путин во Делхи ја изненадила руската страна, опишувајќи го гестот како неочекуван и како невообичаен дел од однапред договорениот протоколарен план.

Спонтаната прегратка и добредојдие на Моди на аеродромот се толкуваат како силен сигнал на лична топлина и потврда на „специјалното и привилегирано стратешко партнерство“ меѓу Индија и Русија.

Агентите задолжени за обезбедување на рускиот претседател останале вчудовидени, бидејќи не биле информирани за измената во протоколот, што го потврди и Кремљ.

„Изненадувачката одлука на Моди да го пречека Путин на скалилата од авионот се случи без знаење на руската страна“, соопшти Кремљ.

ФОТО | Путин и Моди демонстрираа сила и доверба – светот внимателно гледа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот