Фото: EPA/PRESS INFORMATON BUREAU HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

ФОТО | Путин и Моди демонстрираа сила и доверба – светот внимателно гледа!

Рускиот претседател Владимир Путин денеска слета во Индија, започнувајќи ја дводневната посета обележана со интензивни дипломатски активности и фокус на зајакнување на билатералните односи.

Со премиерот Нарендра Моди, Путин ќе разговара за низа клучни теми – од економската соработка до геополитичките предизвици.

Централен настан на посетата е годишниот руско-индиски самит, традиционален форум за дијалог што се одржува наизменично во Москва и Њу Делхи.

Посетата започна со неформална средба „еден на еден“ меѓу Путин и Моди, како што пренесува РИА Новости.

„Овој разговор ќе биде еден од клучните настани од посетата на Индија“, потврди Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател за меѓународни прашања, нагласувајќи ја важноста на директниот дијалог за решавање на чувствителни и значајни теми.

Ушаков додаде дека „ токму на вакви средби се креира политиката“, укажувајќи на стратешкото значење на посетата за идното партнерство меѓу Русија и Индија.

Индија и Русија работат во сопствен интерес

Рускиот претседател Владимир Путин денеска, во пресрет на почетокот на средбата со индискиот премиер Нарендра Моди во Њу Делхи, изјави дека на енергетската соработка меѓу Русија и Индија не влијаат тековните услови, привремените политички промени или трагичните настани во Украина.

„На поединци не им се допаѓа растечката улога на Индија на меѓународните пазари поради нејзините врски со Русија. Повеќе од 90 проценти од трансакциите меѓу Индија и Русија се вршат во национални валути“, изјави Путин, пренесува порталот Индија Тудеј.

Тој рече дека има извесен пад на вкупната трговска размена во првите девет месеци од оваа година, но дека таа е на приближно исто ниво како и претходно.

Додаде дека трговијата со нафтени деривати, сурова нафта и руската нафта „без проблеми“ се одвива во Индија.

„Го знам расположението на руските партнери и компании. Тие веруваат дека индиските партнери се доверливи и многу сериозни луѓе“, рече Путин.

На прашањето како би реагирал американскиот претседател Доналд Трамп доколку Индија купува енергенси од Русија, Путин рече дека ни тој ни Моди не пристапиле кон соработката со цел да работат против некого, и покрај надворешните притисоци.

„Ако Соединетите Американски Држави имаат право да купуваат наше гориво, зошто Индија не би ја имала истата привилегија? Претседателот Трамп има своја агенда и цели, а ние свои. Нашата агенда не е насочена против никого, туку кон заштита на нашите интереси“, изјави Моди.

Тој истакна дека Трамп има советници кои веруваат дека спроведувањето царинска политика носи корист за американската економија.

„Претпоставувам дека Трамп делува со добри намери“, рече Путин и додаде дека секоја земја и нејзиното раководство има право да одлучи каква економска политика ќе спроведува.

Моди на руски јазик ја поздрави посетата на Путин во Индија

Односите меѓу Русија и Индија го издржаа тестот на времето и носат голема корист за народите на двете држави, изјави индискиот премиер Нарендра Моди.

„Драго ми е што го поздравувам рускиот претседател Владимир Путин во Индија, тој е мој пријател“, објави Моди на руски јазик на социјалната мрежа Икс, прикачувајќи фотографија со рускиот лидер, пренесува Спутник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот