ФОТО | Романтика во Италија: Најубавата жена на светот и необичниот режисер разменуваат сочни бакнежи

Фото: Monica Bellucci - Tim Burton, Credit line: Cobra Team / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Актерката Моника Белучи и режисерот Тим Бартон се во врска од крајот на 2022 година, а дури се шпекулираше и дека се свршиле. Во секој случај, тие се среќно вљубени и не се кријат (повеќе) од јавноста.

Додека нејзиниот поранешен сопруг Винсент Касел, со кој беше во брак 16 години, се пофали со младата бразилска манекенка Нара Баптиста, која многумина ги потсетува на неговата втора сопруга Тина Кунаки, актерката Моника Белучи ја пронајде љубовта со британскиот режисер Тим Бартон. Иако многумина се прашуваат што нашла Италијанката, која со години е позната како најубава жена на светот, во чудниот Бартон, таа навистина ужива во својата нова љубов. А судејќи по Касел, може да се заклучи дека Моника не сака класично убави мажи, но очигледно типови со силна личност, а Тим Бартон несомнено е таков.

Вљубените Моника и Тим деновиве биле забележани во Италија во Калката, древно средновековно село изградено на карпи над кањонот, на 50 километри од Рим. Станува збор за иселено село кое стана уметничка комуна и каде парот отишол на рандеву. Имено, Моника и Тим ручале таму во ресторанот „Тераца сул Треја“, каде разменувале нежности.

Фото: Cobra Team / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Иако се заедно од крајот на 2022 година, актерката ја потврди врската дури во јуни 2023 година, кога накратко рече дека, пред сè, ѝ е мило што го запознала тој уникатен режисер.

Фото: Cobra Team / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

 

ФОТО | Моника Белучи има ново момче: „Рака под рака“ со ексцентричниот Тим Бартон

ВИДЕО | Моника Белучи и Тим Бартон блескаат од љубов: Прошетаа заедно на црвениот тепих

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот