ВИДЕО | Моника Белучи и Тим Бартон блескаат од љубов: Прошетаа заедно на црвениот тепих

Фото: Elena Vizzoca/SOPA Images / Shutterstock Editorial / Profimedia

Моника Белучи и Тим Бартон се појавија на синоќешната премиера на филмот „Diabolik chi sei“ на филмскиот фестивал во Рим и не можеа да сокријат колку уживаат во нивната врска, колку се среќни и заљубени. 

Видеото од Италија е доказ дека нивната романса оди во вистинска насока. На снимката се гледа како се држат за рака, како тој нежно ја гушка, ги допираат главите, со слатки насмевки, но и како таа му помага на црвениот тепих.

Познатиот пар даваше интервјуа на црвениот тепих, потпишуваше автограми, се фотографираше со обожавателите.
Јавното појавување на двајцата доаѓа само неколку дена откако беше официјализирана врската на нејзиниот поранешен сопруг Винсент Касел и Нара Баптиста. Некој би рекол дека Моника со насмевките јасно кажува дека и таа е среќна во љубовта.

Во изјавата дадена во јуни оваа година таа изјави: „Што можам да кажам… Мило ми е што го запознав човекот, пред се. Тоа е една од оние состаноци што ретко се случуваат во животот… Го познавам, го сакам , а сега ќе го запознаам него и како режисер, започнува уште една авантура“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот