Рита Ора - Фото: Инстаграм

ФОТО | Рита Ора ги шокираше обожавателите со нов изглед инспириран од Мерилин Монро

Рита, која е во среќен брак со режисерот Таика Ваитити, низ годините често го менуваше својот имиџ

Пејачката Рита Ора (34) повторно го привлече вниманието на јавноста со новиот изглед со кој ѝ оддаде почит на Мерилин Монро. Ора на социјалните мрежи сподели фотографии на кои има руси кадрици и интересна облека.

Во објавата напиша „Surprise pop-up performance“, а обожавателите ја пофалија во коментарите, споредувајќи ја нејзината фризура со онаа на легендарната актерка.

„Мојата Мерилин Монро!“ напиша една следбеничка, додека друга додаде: „Ја обожавам новата фризура!“ Коментарите беа исполнети со емотикони во форма на срца и пораки со поддршка, а многумина истакнаа дека Рита постојано успева да изненади со свеж стил и енергија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RITA ORA (@ritaora)

Рита, која е во среќен брак со режисерот Таика Ваитити, низ годините често го менувала својот имиџ, но најновата трансформација доаѓа во момент кога се подготвува за објавување на нејзиниот четврти студиски албум. Својот нов сингл „All Natural“ го опишува како најличната песна досега.

„’All Natural‘ е една од најинтимните песни што сум ги напишала. Зборува за прифаќање на сите свои страни и силните и ранливите, светлото и сенката. Песната е за раст, исцелување и самоспознавање. Се надевам дека луѓето, кога ќе ја слушнат, ќе можат да се поврзат со сопственото патување и да се препознаат во неа“, изјави Ора.

Наскоро планира и турнеја, бидејќи, како што вели, тоа е единствената причина поради која се занимава со музика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот