Билборд во Њујорк предизвика бес кај граѓаните/Фото: Инстаграм

ФОТО | Револт во Њујорк поради билборд „Исус е Палестинец“ на Тајмс Сквер

Билборд во Њујорк со пораката „Исус е Палестинец“ поставен на Тајмс Сквер од страна на Американскиот арапски комитет за дискриминација предизвика големи реакции.

Намерата на пропалестинската организација беше да ја подигне свеста за Газа со две пораки: Првата се однесуваше на потеклото на Исус, кој според Библијата е роден во Витлеем, град на палестинскиот Западен Брег, а втората содржеше пасус од Куранот. Пасусот гласеше „Сеќавај се кога ангелите прогласија: О, Марија! Алах ти дава добра вест за Словото Негово, неговото име ќе биде Месија, Исус, син на Марија, почитуван на овој свет и на оној, и тој ќе биде еден од најблиските до Алах“.

Сепак, неколку корисници на социјалните мрежи го опишаа дигиталниот билборд како „провокативен“ и „неисториски“, истакнувајќи, меѓу другото, дека Исус – како што е опишан во Библијата – бил Евреин и дека Палестина не постоела во времето на Исус, бидејќи регионот бил под римска власт и бил познат како Јудеја.

„Тоа е прилично раздорна порака. Ако сте пропалестински настроени, ќе ви биде во ред. Веројатно не е вистинско време да ја објавите. Провокативна е“, коментираше еден турист за Њујорк пост.

 

„Каква одвратна, раздорна порака, „единствените луѓе кои ќе ја ценат се оние кои веќе се на ваша страна. Неверојатно е непочитувачка и ги отуѓува сите други“, „Интересна реклама! Исус е роден во Витлеем, Јудеја, пред да се вика Палестина (римско време). Денешното тврдење го одразува културниот идентитет, а не историјата. Провоцира добар разговор за наследството наспроти геополитиката“, „Исус е роден како Евреин во Витлеем, неговото семејство било еврејско“, беа некои од коментарите на Икс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ADC National (@adcnational)

Од своја страна, извршниот директор на ADC, Адиб Ајуб, тврдеше дека билбордот не бил наменет да предизвика поделба, туку да им помогне на христијанските, арапските и муслиманските заедници во САД да ги препознаат „сличностите“ меѓу нивните култури.

„Повеќето Американци во оваа земја се христијани, а родното место на христијанството е Палестина. Ако луѓето сакаат да дискутираат за тоа, тогаш одлично, билбордот го предизвика разговорот. Барем дискутирате за тоа. Инаку, тие нè замолчуваат, а нашите гласови и ставови не се слушаат“, додаде тој.

Конечно, кога беше прашан дали билбордот го доведува во прашање еврејското потекло на Исус, Ајуб одговори дека тоа „е прашање на толкување“ и дека „Исус живее во сите нас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот