ФОТО | Ревија на Л’Ореал: Енди Мекдауел доминира на 65 години во црн градник и кожени панталони

Фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Американската актерка Енди Мекдауел е долгогодишно заштитно лице на козметичкиот бренд Л’Ореал, а синоќа беше дел и од нивната ревија во рамки на Модната недела во Париз, Франција.

Мекдауел е една од оние познати дами кои се залагаат за природен изглед, а веќе неколку години не ја третира својата кадрава коса со боја, туку е горда на својата седа коса.

Фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Со широка насмевка на лицето, 65-годишната актерка продефилира на пистата во кожени панталони и кожна јакна, а својата витка линија ја истакна со црниот топ налик градник.

Фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

За време на пандемијата, таа одлучи да го прифати својот природен изглед и да докаже дека стреењето е убав процес.

„Се заљубив во својот нов изглед и одлучив да го задржам. Не велам дека сите требаат да го следат мојот пат, но ова е нешто што мене ми одговара. Една новинарка ме праша како се чувствувам, знаејќи дека стареам и дека ја губам убавината. Не можев да поверувам. Ѝ реков дека воошто не се чувствувам така. Сите ние се менуваме и старееме и тоа е дел од животниот процес. Стареењето не значи дека губиме од убавината“, изјави Мекдауел во 2021 година.

Фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

ФОТО | Не ја фарба косата една година: Актерката воодушеви со природниот изглед во Париз

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот