Ребека / Фото: Фејсбук/Ребека Јанковска - Ристески

ФОТО | Ребека му запеа на Трифун Костовски, вака се славеше неговиот посебен ден

Ребека Јанковска-Ристески му запеа на бизнисменот Трифун Костовски на неговиот посебен ден.

Костовски го славел именденот, Свети Трифун, а дел од гостите била и пејачката Ребека, која на инстаграм-профилот објави видео како за славеникот ја пее македонската народна песна „Налеј, налеј“.

Фото: Скриншот/Инстаграм

На видеото, кое го реобјави Ребека, се забележува дека имало доста гости на роденденот, а дел од нив е и д-р Никола Пановски. Трифун Костовски е познат по тоа што сака да ги одбележува важните датуми во неговиот живот, особено именденот.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Иако никој не би ѝ ги дал, Ребека во септември лани наполни 54 години и е една од најнегуваните жени на нашата естрада. Мајка е на три сина: Маркијан, Доротеј и Макариј, близнаци кои имаат неполни 13 години. Нејзиниот постар син Маркијан има 19 години.

Маркијан боледува од ретката болест туберозна склероза.

„Црпам сила од љубовта што ја добивам од децата, од Господ, од помислата дека нема спасение без мака и затоа што знам да бидам трпелива и да се радувам на малите нешта. Ме исполнува чувството на среќа, задоволство кога ќе му го разубавам денот некому. По патот среќавам и добри луѓе што не ги познавам многу, а до небо сум им благодарна. Ме крепи и оваа наша убава земја, која не знаеме да си ја средиме, а не знаеме ни да си ја цениме“, рече пејачката во едно интервју за „Слободен печат“.

Помалата сестра на Ребека, Хелена Роза, во август наполни 48 години. Таа живее во Нов Зеланд со семејството и лани се кандидираше за градоначалничка на општината Норт Шор, која е дел од градот Окленд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот