ФОТО: Реагираа од ВАР собата – нема пенал за Хрватска поради милиметарски офсајд

Хрватските фудбалери со англискиот судија Ентони Тејлор на натпреварот против Белгија/фото: EPA-EFE/Rungroj Yongrit

Англискиот судија Ентони Тејлор покажа на белата точка во корист на Хрватска на натпреварот од Светското првенство против Белгија, но потоа ја промени одлуката.

Еден важен меч и за двете селекции кој решава за пласман во осминафиналето на Мундијалот во Катар.

Веќе во 15 минута „коцкестите“ имаа шанса да дојдат до водство, Караско направи прекршок врз Крамариќ во казнетиот простор, а судијата досуди пенал.

Модриќ веќе ја стави топката на белата точка, а потоа Тејлор доби повик од ВАР собата да ја прегледа снимката.

На крајот беше утврдено дека нема пенал, бидејќи Ловрен се наоѓа во офсајд, и тоа за милиметар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот