ФОТО: Распоред на натпревари и термини за меѓународниот ракометен турнир „Струга 2023“

фото: facebook.com/ihtstruga

Организаторите го објавија распоредот на натпревари за сите четири дена колку што ќе трае традиционалниот струшки ракометен турнир.

По 51 пат ќе се организира меѓународниот ракометен турнир од 16 до 19 август, на „Струга 2023“ ќе учествуваат шест екипи кои ќе играат на Ракометното игралиште „Горан Попоски-Бабец“.

Македонија ќе ја претставуваат домаќинот Струга, Вардар 1961 и РК Алкалоид, од Србија доаѓа Динамо Панчево, АЕК Атина од Грција и Ескилстуна Гуиф од Шведска.

Во групата „А“ се РК Алкалоид, АЕК Атина и Динамо Панчево, а во групата „Б“ Вардар 1961, Ескилстуна Гуиф и Струга.

Првиот ден на турнирот на 16 август официјално ќе почне од 18.30 часот со натпреварот меѓу РК Струга РК Вардар 1961, потоа во 19.55 часот е свеченото отворање, а од 20.40 часот ќе се сретнат РК Алкалоид и РК Динамо Панчево.

фото: facebook.com/ihtstruga

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот