ФОТО | Работилница за стакло стара 2.300 години: Археолозите велат дека е најстарата северно од Алпите

Фото: Instagram/ Twitter

Археолозите во Чешка ја откопаа најстарата позната работилница за стакло северно од Алпите. на локација што можеби се користела и за ритуални цели, пишува „Лајв сајенс“ („Live science“).

Според студијата објавена во списанието „Антиквити“, работилницата од железното време е дел од раното населено место, познато како Немчице, кое функционирало во текот на 3 и 2 век п.н.е., создавајќи различни извонредни стаклени алки и мониста.

Фото: Twitter/ Antiquity Journal

За време на ископувањата, археолозите откриле и повеќе од 2.000 златни и сребрени монети, исковани од Келтите кои живееле во континентална Европа, што покажува дека местото било трговско жариште. Тимот, исто така, открил можно светилиште, што сугерира дека луѓето од железното време таму вршеле ритуали.

Инаку, археолозите го откриле локалитетот Немчице, додека вршеле ископувања во 2002 година и во текот на следните истражувања откриле потонати колиби, бронзени амајлии и монети расфрлани низ локацијата.

Фото: Twitter/ Antiquity Journal

Монетите се индиции дека Немчице најверојатно бил дел од „Килибарниот пат“, голема централна европска мрежа што го поврзувала балтичкиот брег со медитеранскиот регион.

Пред да бидат пронајдени алатките за производство на стакло, истражувачите имаа откриено мешавина од готови и нецелосни стаклени и килибарни предмети, што укажувало дека тие се изработени на таму и не се увезени од друго место.

Фото: Instagram/ Antiquity Journal

„Никој сè уште не знае како точно Келтите ги правеле стаклените алки“, рекол водечкиот автор Иван Чижмар, археолог од Институтот за археолошко наследство во Брно, Чешка.

Покрај артефактите, археолозите откриле и квадратна структура, која наликувала на слични антички градби користени за ритуали, вклучително и на локација наречена Сандберг во Австрија, која некогаш била окупирана од Келтите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот