ФОТО | „Работев шест години без динар“: Карлеуша и Саша Поповиќ во кавга за „Ѕвездите на Гранд“

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Јелена Карлеуша шест години по ред беше дел од жирито на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Српската пејачка секогаш беше во центарот на вниманието поради нејзината моќ да се трансформира и секако искрените одговорите како и честите конфликти со останатите членови на жирито, а воедно и нејзини колеги.

Карлеуша која и самата беше членка на жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, неодамна се огласи на својот инстаграм-профил и го исмејуваше целото жири на шоуто, вклучително и Саша Поповиќ.

Поповиќ неодамна гостуваше во една емисија каде проговори за овие наводи на познатата пејачка.

„Навистина ја почитувам Јелена Карлеуша, нема што. Во ‘Ѕвездите на Гранд’ беше шест години. Колку значеше таа за ‘Ѕвездите на Гранд’, толку и ‘Ѕвездите на Гранд’ и значеа за неа. Само да ви кажам дека таа го покачи својот хонорар за 300% од 2015 до 2020 година. Денеска не можете да ја добиете Јелена Карлеуша без 12, 13 или 20 илјади евра“ – рече Поповиќ и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

„Јелена Карлеуша беше забранета на сите национални телевизии до 2015 година. Таа сама го кажа тоа во емисијата и ми се заблагодари што ѝ дадов шанса да се изрази преку овој натпревар. Јелена Карлеуша можеше да зборува секоја сабота 6 години и зборуваше за пејачи, поп музика, историја, политика и општествени прашања. Таа секако многу придонесе, но и ние придонесовме за неа“, рече Саша.

Пејачката му одговори на Поповиќ откако тој, меѓу другото, рече дека ѝ дал шанса да биде членка на жирито на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ особено кога во 2015 година Јелена била забранета од сите национални телевизии и секако проговорила за хонорарот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

Реакцијата на Карлеуша, сепак, беше жестока, како и сè што е поврзано со „Ѕвездите на Гранд“ по напуштањето на шоуто пред неколку сезони.

„Го сакам Сале. За жал, се што кажа е вистина. Вистина е дека цела кариера сум забранета, што е сурова и тажна вистина на мојот живот и кариера, голема неправда и кршење на човековите права, нели? Вистина е и дека хонорарот за концерти ми е зголемен за 300 проценти, поточно три пати повеќе. Сега сум најплатена, да! Точно е дека ми подаде рака кога никој не сакаше, но затоа работев шест години без динар, бидејќи сум доблесен и добар човек кој знае да цени. Се оддолжив. Верувам дека се оддолжив и дека „Ѕвездите на Гранд“ го имаа најголемиот врв и процут со мене. Вистина е и дека откако не сум таму веќе никој не ги гледа „Ѕвездите на Гранд“. Тоа го знаат сите“ – напиша Јелена на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Карлеуша тврди дека по шест години ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи продукцијата не сакала да ја плати соодветно.

„Верувам дека ќе беше многу подобро да ме платија, отколку што го доведоа целото шоу во пропаст и непоправлива загуба. И за крај, драг мој Сале, ако „Ѕвездите на Гранд“е толку волшебна, зошто на никој друг не му скокаше хонорарот освен мене? Одговорот е едноставен, бидејќи јас се борев за тоа. Ќе повторам, „Ѕвездите на Гранд“ не постојат без мене. Никој не пишува за вас, освен кога ме спомнуваш во медиумите или кога некој кандидат ќе пее моја песна“ – заврши Карлеуша.

ФОТО | Од Карлеуша ни трага ни глас: Душко Тошиќ го прослави роденденот покрај најсаканите дами

Канје Вест го сака Хитлер, Маск му го суспендираше профилот на Твитер

Јелена Карлеуша: Покојниот Лаќа ми се закануваше и ги препродаваше песните кои однапред му ги платив

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот