Канје Вест го сака Хитлер, Маск му го суспендираше профилот на Твитер

Фото: EPA/Profimedia

Раперот Канје Вест даде ново интервју, можеби најконтроверзно досега, во кое го величи ликот и делото на водачот на нацистите, Адолф Хитлер.

„Секое човечко суштество има некоја доблест, a особено Хитлер. Хитлер е, исто така, роден христијанин. Ја гледам некои добри работи кај Хитлер. Ги сакам сите луѓе. Евреите не можат да ми кажуваат дека морам да ги сакам и дека морам да го сакам тоа што го прават со договорите и тоа што го форсираат со порнографијата“, изјави Вест во разговор со Алекс Џонс, теоретичар на заговор.

Кога Џонс му рече дека не ги сака нацистите, Канје му одговори: „Јас го сакам Хитлер. Мора да престанеме да ги оцрнуваме нацистите цело време“.

„Ти имаш фетиш на Хитлер“, му одговори Џонс во еден момент, кому му стана непријатно поради антисемитистички изјави на раперот. „Не сум баш за тоа што го велиш за Евреите“, се надоврза Џонс.

„Не ми се допаѓа зборот ‘зло’ покрај зборот нацист. Ми се допаѓаат Евреите, но ги сакам и нацистите“, изјави Вест.

Твитер го суспендираше профилот на Канје Вест

Твитер повторно го суспендираше профилот на Канје Вест, само два месеца откако му беше вратен профилот, бидејќи неговите твитови ги прекршиле правилата на платформата, објави „Ројтерс“.

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, кој себеси се нарекува апсолутист за слобода на говорот, во октомври го поздрави враќањето на раперот на платформата.

„Дадов сè од себе. И покрај тоа, тој повторно го прекрши нашето правило против поттикнување насилство. Сметката ќе биде суспендирана“, напиша Маск на Твитер, како одговор на еден корисник кој му напиша „Илон, ве молам, решете го проблемот со Канје“.

Имено, пред да биде суспендиран, Вест објави „твит“ кој беше беше тргнат од Твитер, но „Ројтерс“ не успеа да ја потврди точната содржина на спорната објава.

Падот на Канје Вест: Од музичка икона, до човек кому светот му го сврте грбот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот