ФОТО+ВИДЕО | Прво појавување пред камерите на Кајмакоски по шокантното киднапирање: Пејачот настапи на српската Песна за Евровизија
По шокантното киднапирање што го потресе регионот, македонскиот пејач Даниел Кајмакоски повторно се појави пред камерите.
Препорачано
Кајмакоски настапи во ревијалниот дел на српскиот натпревар за Песна на Евровизија (ПЗЕ) во средата, што беше негов прв телевизиски настап откако доживеа драматично киднапирање во Белград.
Публиката го поздрави неговото враќање на екранот со силен аплауз, а сè дополнително беше зачинето од танцовиот ансамбл, кој го придружуваше на сцената. Кајмакоски ја изведе емотивната песна „Nobody but You“.
Да потсетиме, познатиот пејач беше во центарот на шокантна сцена на почетокот на февруари кога беше киднапиран во Белград веднаш по неговиот настап во Бетон хала.
Непознати сторители го пресретнале додека бил во својот автомобил, го врзале и насилно го одвеле, барајќи откуп од околу 20.000 евра.
Драмата ескалираше кога полицијата започна филмска потера, која заврши недалеку од Рума – каде што Кајмакоски беше пронајден врзан во уништено возило.
За среќа, како што објавија медиумите, неговиот живот не беше загрозен, и набрзо беше префрлен во полициските простории, каде што даде изјава за трауматското искуство.
Даниел Кајмакоски (42) е македонски пејач и текстописец, регионално е препознатлив како победник на првата сезона на „Икс фактор Адриа“ и како претставник на Македонија на Евровизија 2015 во Виена. Роден е на 17 октомври 1983 година во Струга.
ВИДЕО | Даниел Кајмакоски е киднапиран во Белград – српската полиција е на нозе
ВИДЕО | Прво појавување на Даниел Кајмакоски по киднапирањето: Се вратил на местото на злосторството


