ФОТО | Фотографии од фамозниот танц на принцезата Дијана и Џон Траволта: Имало многу допири помеѓу нив

Фото: Профимедиа

Холивудскиот актер Џон Траволта неодамна се присетил на неговата посета на Белата куќа во 1985 година, каде што бил поканет во чест на принцезата Дијана. Тој нагласил дека на настанот му пристапил со „многу понизен став“, бидејќи се чувствувал „како вишок во просторија полна со многу важни луѓе“.


Сепак, како што одминувало времето, тогашната прва дама му пришла на Траволта, ѕвезда на филмот „Брилијант“, со специјално барање.

„Некаде околу 22 часот, Ненси Реган ме потчукна по рамото и ми рече: „Принцезата сака да танцува со тебе. Дали би сакал да танцуваш со неа вечерва?“, на што тој одговорил потврдно.

Потоа следувало упатството: Ненси ќе му пријде околу полноќ и ќе го придружува до Леди Ди, кога тој ќе ја замоли за танц.

Траволта и ден-денес добро се сеќава на тоа чувство што кај него го предизвикала принцезата Дијана: „Срцето почна да ми чука сѐ посилно како што ѝ се приближував, а потоа ја потчукнав по рамо бидејќи беше свртена со грбот кон мене. Потоа таа се сврте кон мене и благо кимна со главата. Ја прашав дали ќе танцува со мене, на што таа одговори со кратко „Да“.“

Фото: Профимедиа

Започнала песната од филмот „Saturday Night Fever“ и Џон и Дијана почнале да танцуваат.

Двојката излегла на подиумот за танцување Крос Хол во Белата куќа.

– Ја ставив раката на нејзиниот грб, ја фатив нејзината раката и ја спуштив надолу, за да не биде премногу крената, така ѝ влеав самодоверба и бевме доста добри – рекол Траволта.

„Ја фатив за раце и повеќе ништо не постоеше околу мене“, открил тој, „мислам дека танцувавме 15 минути“.

Тој тврди дека тоа за него било магично искуство. „Тоа беше момент од бајка. На крајот се поклонивме еден на друг и секој отиде на своја страна. Мојата кочија повторно се претвори во тиква“, ја завршил приказната со насмевка.

Фото: Профимедиа

Принцезата Дијана во 1985 година имала 24 години, а со тогашниот сопруг принцот Чарлс присуствувала на свечената вечера во Белата куќа во Вашингтон, а кружеа гласини дека Чарлс полудел поради тоа што Леди Ди танцувала со холивудскиот актер.

Фустанот што Дијана го носеше во оваа прилика, инаку модел на дизајнерот Виктор Еделштајн, подоцна беше наречен фустан Траволта. И во 2013 година е продаден за 350.000 долари на господин од Британија кој сакал со тој фустан да ја расположи својата сопруга.

Џон Траволта се присети на танцувањето со принцезата Дајана: Беше како во бајка

Фустанот на принцезата Дајана продаден за 220.000 фунти (ФОТО)

Се продава фустанот во кој принцезата Дајана танцувала со Џон Траволта (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот