ФОТО | Природна и насмеана: Јелена Јованова го прослави 41. роденден, се пофали како изгледа без грам шминка
Македонската актерка Јелена Јованова Периќ, препознатлива по улогата Јелена од Драчево во серијата „Преспав“, деновиве имаше повод за славење.
Препорачано
Јелена, која повеќе од деценија живее во Хрватска, на својот фејсбук-профил сподели фотографија од себе со која го одбележа својот 41. роденден. На фотографијата актерката изгледа природно и без грам шминка.
Таа блеска со позитивна енергија, а насмевката не ја тргна од нејзиното лице.
„41. Сѐ уште работам на себе. Ви благодарам на сите што ми посакaвте сè најдобро“, напиша Јелена покрај фотографијата.
Да потсетиме, Јелена и нејзиниот хрватски колега Стјепан Периќ се запознаа во 2013 година на снимањето на серијата „Тајни“ и се венча во 2015 година во Загреб. Имаат два сина – Јаков и Тома – чие доаѓање на светот успеаја да го зачуваат далеку од јавноста.
Во интервју за „Слободен печат“, актерката проговори за тоа како ја одржува својата линија и дали е тешко да се одржува младешкиот излед.
– Благодарам! Се трудам да бидам здрава, пред сѐ, однатре. Си го земам слободното време што ми е потребно и го трошам како што сакам. Дневни прошетки во парк, joгa и пилатес, судоку, книги, музика, подготовка на сирови торти и колачи се само некои од малите големи нешта што се мои и кои ме полнат – рече во таа прилика.
– Не се радувам преентузијастично на брчките, но не тешко и ги прифаќам. Го имаме моментот на „хејтање“ зошто баш мора да ги имаме, но брзо доаѓаме на зелена гранка, што би се рекло. Сметам дека секој треба да го прави она што го исполнува и доколку се тоа ситни корекции што ќе изродат поголема самодоверба и среќа – зошто да не! – додаде Јелена.
ФОТО | Јелена Јованова и Стјепан Периќ ја прославија десетгодишнината од бракот


