ФОТО | Јелена Јованова и Стјепан Периќ ја прославија десетгодишнината од бракот
Македонската актерка Јелена Јованова Периќ, препознатлива по улогата во „Преспав“, и хрватскиот актер Стјепан Периќ прославија една деценија брак минатиот петок (8 август).
Препорачано
По тој повод, Јованова објави фотографија од свадбата на својот инстаграм-профил, суптилно споделувајќи дел од својата радост.

Да потсетиме, двојката се запозна во 2013 година на снимањето на серијата „Тајни“ и се венча во 2015 година во Загреб. Имаат два сина – Јаков и Тома – чие доаѓање на светот успеаја да го зачуваат далеку од јавноста.
Во интервју за „Слободен печат“, актерката проговори за тоа како таа и нејзиниот сопруг прават баланс меѓу кариерата и родителството.
„Познавајќи ја природата на нашата работа, што бара таа, работното време што не е стандардно – сигурно ќе донесеше поголем предизвик да не го делев животот со човек што е од истата бранша. Не само од аспект на родителство. Нам сѐ уште ни успева да се следиме еден со друг каде и да нѐ носи работата. Свесно го правиме тој избор. Не ми се допаѓа кога ќе слушнам како мајката го фали таткото дека ѝ помагал со децата. Нема што да помага. Погрешна е перцепцијата. Едноставно детето е и негово и обврските се еднакви. Се трудиме да бидеме рамноправни членови во секој сегмент, секој да го испочитува сопственото слободно време, но да си го дозволиме и заедничкото“, изјави таа.


