ФОТО: Принцот Чарлс ја исфрли Меган, со интимната фотографија ѝ удри шлаканица

Принцот Чарлс намерно ја изоставил Меган Маркл од објавите на социјалните мрежи во кои му го честита роденденот на малиот Арчи, тврди експертот.

Мајката Меган Маркл ја нема фотографијата која ја споделија профилите на принцот Чарлс на Инстаграм и Твитер додека му го честиташе вториот роденден на внукот.

Експертот тврди дека пораката на принцот Чарлс за роденденот на Арчи може да била намерен „удар“ за Меган Маркл.

Јас го гледам тоа како намерен знак на принцот Чарлс – изјавил Данлан Ларкомб за „Мирор“.

Тој исто така објаснил дека е убеден дека принцот Чарлс има доволно обзир за да знае колку е чувствителна ситуацијата со неговиот помлад син и неговата сопруга.

– Би бил многу изненаден ако принцот Чарлс не знае точно што прави – додал Ларкомб.

Инаку, пред неколку дена, Меган и Хари објавија фотографија од роденденот на Арчи, на која малиот принц е снимен одзади, држејќи балони во раката додека си игра во дворот. На роденденските честитки им се придружија и кралицата Елизабета втора, како и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Очигледно, принцот Чарлс со својата честитка сакал да ја опомени Меган за превирањата во кралското семејство, откако се отселија од Велика Британија, а особено по интервјуто што го дадоа на Опра Винфри.

 

Видео на денот