ФОТО: Прекрасната трудница Емили Ратајковски го покажа својот стомак во модерна комбинација!

Instagram
Фото: Принтскрин - Инстаграм

Атрактивната Емили Ратајковски, која неодамна објави дека чека бебе, излезе на улиците на Лос Анџелес во трендовско издание во кое привлече внимание.

Познатата 29-годишна убавица, која се прослави со појавувањето во спотот „Blurred Lines“, а подоцна и во филмот „Missing“ на Бен Афлек, изгледа беспрекорно дури и кога е во лежерно издание.

Профимедиа

Бринетата позната по своите облини во слободното време најдобро се чувствува во удобни стајлинзи кои вклучуваат патики, а има и навистина импресивна колекција.

Згодната бринета гордо го покажа своето трудничко стомаче во краток фустан со небесна боја кој го спои со трендовски бели патики.

Очилата за сонце и едноставната фризура го комплетираа изгледот на убава трудница за која сите се согласуваат дека едноставно блеска во бременоста.

Инстаграм

Во претходното интервју, убавицата откри дека карантинот ја зближил уште повеќе со нејзиниот сопруг Себастијан Беар-Меклард, со кого се омажи тајно во 2018 година.

Во меѓувреме, претприемничката, актерка и модел, со голем успех ја лансираше својата линија на костими за капење „Emrata“, во која често позира на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм

Откако ја објави веста за нејзината бременост во модната библија „Vogue“ , Ратајковски за Ноќта на вештерките ја пресоздаде култната корица на списанието „Vanity Fair“, снимена пред скоро 30 години.

Патем, парот откри дека не планираат да го откријат полот на детето бидејќи, како што објаснува, сакаат да го почитуваат неговиот избор и самото да одбере кога ќе биде доволно возрасно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот