Тијана Гојковиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Позната српска водителка ја каснала скорпија во Грција, итно била пренесена во болница и приклучена на инфузија

Познатата српска водителка Тијана Гојковиќ доживеала вистинска драма во текот на семејниот одмор на плажата Сикија во Грција! Таа згазнала на скорпија и итно била пренесена во амбулантата во Сарти, која била оддалечена дури 80 километри од првата болница во Полигирос.

Тијана почувствувала остра болка во петицата, но немала поим дека е предизвикана од каснување од скорпија. Сепак, кога ја забележала како се ослободува од нејзината влечка и бега, сфатила колку е сериозна ситуацијата. Таа се исплашила и испаничила и веднаш отишла во болница со сопругот Иван Гојковиќ, член на познатото диџејско дуо „Битшејкерс“ (The Beatshakers).

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kafoholicarke (@kafoholicarke)

Тијана за српскиот портал „Женаблиц“ раскажала како се случил овој несреќен настан, но и како се чувствува сега.

– Иќа печеше риба на скара и му требаше лимон. Отидов до фрижидерот кој е надвор да го побарам и кога се вратив, само почувствував како да сум згазнала на нешто многу остро. Мислев дека сум донела трн од ливадата (бидејќи сме на село), ја кренав ногата за да го извадам и тогаш ја видов скорпијата којашто се ослободи од мојата влечка и побегна под фрижидерот. Тогаш почна паниката – раскажала Тијана од Грција.

Веднаш местото на убодот го прелиле со ципура (нивната ракија) и се упатиле кон амбулантата на Сарти.

– До Сарти, целата нога ми беше вкочанета, а болката во петицата беше како цело време да ме бодат сто игли. Таму ми дадоа инјекција против алергии и веднаш ме испратија во болницата во Полигирос, која е оддалечена 80 км од Сарти. Кога пристигнавме во болницата, сите беа во шок и неверица како и каде ме каснала скорпијата. По половина час, ме приклучија на инфузија и ми дадоа вакцина тетанус. Многу брзо откако бев приклучена на инфузија, ногата престана да трне, но болката во петицата беше присутна цело време – продолжила да раскажува.

Тијана била на инфузија четири и пол часа, ѝ направиле и ЕКГ, како и сите потребни анализи и прегледи. За среќа, сè поминало како што треба, а бидејќи е позитивна и весела по природа, многу брзо сè свртела на шега.

– Бев многу исплашена, но штом ме ставија на инфузија, почнав да се шегувам. Особено кога го видовме венецот од лук во лекарската ординација. Реков дека сум заштитена тука од сè. Лекарите беа љубезни и сè помина како што треба – ја завршила приказната Тијана.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот