Уред за миење заби g.eN/Фото/g.eN / Ferrari / Profimedia

ФОТО | Повеќе ниту забите нема сами да ги миеме: Јапонците измислиле робот што го прави тоа за 30 секунди

Луѓето се приближуваат до моментот кога повеќе нема да мора сами ниту забите да ги мијат. Наскоро, тоа за нас ќе го прави робот.

Доволно е само да загризете пластика и работата да ѝ ја препуштите на машината.

Тоа го ветува „g.eN“, првиот уред за миење заби што доаѓа од Јапонија. Оваа роботска четкичка за заби е развиена со помош на технологија од Лабораторијата за роботика при Универзитетот Васеда. Се состои од куќиште што корисникот го држи во рака, а на отворениот дел има пластика со сет од 16 ситни четкички, кои ги придвижува мал, но моќен мотор, пишува „Дејли мејл“. 

Кога ќе го загризете пластичниот продолжеток за уста, уредот автоматски се активира и ги движи четкичките во различни насоки – горе, долу, лево и десно, а како што тврдат од компанијата „Џеникс“, која стои зад овој уред, забите по 30 секунди ќе бидат темелно измиени.

Творците на овој уред велат и дека ова е првиот робот за орална хигиена што може да го направи миењето заби „помалку стресно и посигурно“.

Тие истакнуваат и дека нивната роботска четка за заби ги чисти забите побрзо и потемелно од класичната, бидејќи истовремено ги чисти двете страни на забите – и внатрешната и надворешната.

Уред за миење заби g.eN/Фото/g.eN / Ferrari / Profimedia

Спецификации

Уредот има 16 ситни четкички. Полесен е од претходните верзии на „g.eN“ и тежи само 220 грама. Се полни со помош на УСБ-Ц полнач.

Нуди четири различни режими на миење: „Easy“, „Careful“, „Special Care“ и „Children“.

За кого е наменет уредот

На својата веб-страница производителите наведуваат и дека здравјето на устата и забите е важно за нашето општо здравје, за превенција на кариес и за намалување на ризикот од болести.

Луѓе со посебни потреби (постари лица/лица со попреченост) – потребен им е некој што ќе им помага при миењето заби. Тоа наметнува голем физички и психички напор.

Деловни луѓе/млади генерации – зафатени се и сакаат да заштедат време при миењето заби. „Совршеното миење заби бара време и високи вештини за четкање“, истакнуваат на веб-страницата.

„Џеникс“ тврди и дека повеќе од 200 „лимитирани изданија за нега на пациенти“ веќе секојдневно се користат во установи за нега ширум Јапонија.

Цена

Сепак, „совршеното миење заби“ не доаѓа бесплатно. За тој луксуз ќе мора да издвоите 200 евра, а преднарачките се достапни на нивната веб-страница.

Спротивставени мислења

Социјалните мрежи создадоа простор за коментирање. Некои воодушевено ја „поздравија“ идејата, додека други остро ја критикуваа.

„Изморен сум од миење заби, ќе го купам ова веднаш“, „Можеби ова е добро за наутро кога сме во брзање“, „Изгледа како чистењето на оваа четка да е потешко од миењето заби“, „Сигурно би повраќал ако се обидам да ја користам оваа гломазна направа за миење заби“, се дел од коментарите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот