Сидни Свини и Скутер Браун - Фото: XNY / StarMax / Profimedia

ФОТО | Повеќе не се кријат: По драматичната средба со бившиот, Сидни Свини фотографирана на романтичен состанок со новото момче

Актерката Сидни Свини и контроверзниот музички могул Скутер Браун беа фотографирани заедно во Њујорк, откако актерката имаше драматична средба со поранешниот свршеник Џонатан Давино.

Свини и Браун излегоа заедно од автомобилот, а потоа се прошетаа низ градот, држејќи се за раце. Малку подоцна, тие „се одморија“ на голема карпа во Централ Парк.

Сидни Свини и Скутер Браун – Фото: XNY / StarMax / Profimedia

Сидни носеше лежерна облека – фармерки со широки ногавици, тесна маица со долги ракави и кафеава кожна јакна со бели детали. Комбинацијата ја надополни со очила за сонце и кафеава кожна чанта. Браун беше фотографиран во лежерна облека. Носеше фармерки, бела маица и црна тексас јакна, заедно со шапка и кафеав ремен.

Скутер и Сидни првпат ги поврзаа откако двајцата присуствуваа на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција. Подоцна беа видени како шетаат низ градот во Италија. Извор за „Пејџ сикс“ минатиот месец изјави дека Браун „навистина, навистина ја сака“ актерката, додека друг извор додаде дека нивната врска станува сè посериозна.

Сидни Свини и Скутер Браун – Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Пред да ја започне својата романса со Скутер, Свини ја заврши својата седумгодишна врска со Џонатан. Поранешната двојка планираше да се венча, но актерката го откажа бракот на почетокот на март оваа година. Според извештаите, тие раскинале поради зафатен работен распоред.

Тие неодамна беа повторно видени заедно во Лос Анџелес. Сидни го гледаше натпреварот со пријатели во ресторан, а по забавната вечер, се качи во такси и се упати кон автомобилот на Џонатан, кој беше паркиран во близина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот