ФОТО: После подолга пауза, Адел во топ форма се журкаше на забавата по доделувањето на Оскарите
Поминаа неколку месеци откако ја видовме последниот пат во јавноста британската музичка ѕвезда Адел, која во последните години својот живот го пресели во Лос Анџелес. Токму таму, по доделувањето на овогодишнешните Оскари, се одржа и забавата, на која присуствуваше и таа.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Добро расположена, Адел пееше и танцуваше цела ноќ со своите познати пријатели на забавата која беше одржана по доделувањето на Оксарите.
Славната британска пејачка немавме прилика да ја гледаме неколку месеци, а тоа што можеме да го заклучиме од фотографиите кои нејзината пријателка, актерката Амбер Робинсон, ги објави на својот Инстаграм профил, е дека Адел изгледа подобро од било кога.
View this post on Instagram
Двете пријателки добро расположени направија селфи кое го споделија, а таа фотографија едвај ја дочекаа нејзините фанови.
Тоа што можеме да го заклучиме е дека британската пејачка и по официјалниот развод од Сајмон Конецки, со кој има син, се уште внимава на својот изглед и ја одржува својата линија во форма, откако таа ослабе повеќе од 45 килограми и со својата трансформација буквално го излуде светот.
View this post on Instagram


