Фото: Фејсбук/Лозано

ФОТО | Порасна синот на Лозано, гордата тетка објави посебна приказна со него

Влатко Лозаноски – Лозано многу ретко објавува слики од својот син Марко, но неодамна тоа го направи една негова блиска личност.

Станува збор за сестра му Марија Лозаноска, која е писателка, уметник, лектор и професорка по македонски јазик. Гордата тетка сподели преслатка слика од неа и од Марко, кој во октомври лани наполни една година.

Фото: Скриншот/Марија Лозаноска

Пејачот тогаш за првпат објави повеќе слики од синот, а тоа го направи и неговата сестра, споделувајќи фотографии со нивните родители и внукот.

Фото: Фејсбук/Лозано

Брзо по крштевката, сопругата на Влатко Лозаноски – Лозано, Савка (Сава) Грачанин, објави фотографии од нивниот син Марко со специјален повод, иако таа својот приватен живот многу не го експонира, исто како и пејачот.

Фото: Фејсбук/Сава Грачанин

Повод беа првите чекорчиња на малиот Марко, а покрај овие фотографии гордата мајка напишала: „Детуле, лесни чекорчиња“.

Лозано, кој на 7 март ќе одржи концерт во Скопје, во салата „Борис Трајковски“, во интервју за „Слободен печат“ зборуваше за синот.

„Татковството е најодговорната, но и најубавата улога што сум ја имал досега. Те менува од корен, те учи на трпение, на безусловна љубов и на тоа да ги гледаш работите од поинаква перспектива. Секој ден е ново учење и, искрено, уживам во секој момент, без разлика дали е лесен или предизвикувачки. Се трудам да бидам присутен и вистински вклучен, затоа што верувам дека времето и вниманието се најголемиот подарок што можеш да му го дадеш на своето дете. Семејството ми е темел и сила и токму оттаму црпам инспирација и рамнотежа во сè што правам“, рече пејачот.

Разговор со Марија Лозаноска, професорка по македонски јазик: Да го сакаш мајчиниот јазик треба да биде најосновна обврска на секој човек

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот