ФОТО | Поранешниот супермодел Паулина Поризкова направи операција на колкот и ги покажа лузните: Тие се дел од мене, ги прифаќам

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Чешкиот поранешен супермодел Паулина Поризкова (58) направи операција за замена на колк. На својот инстаграм-профил, каде што ја следат повеќе од милион луѓе, таа објави фотографии на кои покажува како изгледаат нејзините лузни по операцијата. Овие фотографии се направени седум дена по операцијата.

Фото: Instagram / paulinaporizkov

„Одејќи на оваа операција, не можев а да не мислам на лузните. Ги прегрнувам оние што ги имам. Но, немам желба за нови. На одмор постојано се збогував со мазната кожа на колковите, иако се чувствував виновна што бев толку суетна“, напишала Паулина.

Фото: Instagram / paulinaporizkov

По операцијата, лекарите ја предупредиле дека засеците ќе мора да ги покрие три дена, а кога ќе се извади завојот ќе изгледаат „згужвано“.

„Бев предупредена. Мислев дека засеците се главно – интересни? Ја проучував положбата на засеците, начинот на кој се правени шевовите и се восхитував на работата на двајцата вешти доктори. Како тие засеци да не беа на мене…“,  додаде таа.

Фото: Instagram / paulinaporizkov

„Знам дека лузните наскоро ќе станат дел од мене. Тие ќе бидат потсетник на старите болки и новите победи. Ќе се придружат на сите други ‘натписи’ на моето тело и ум – и видливи и невидливи – што на крајот, ќе биде лепакот што ме држи, мрежа од скршеници што зараснале посилно. И како и сите други лузни, внатре и надвор, ќе ги прифатам. Ќе се гордеам со нив“, напиша таа.

Поризкова објасни дека е родена со вродена дисплазија на колкот,  која потенцијално доведува до остеоартритис или фрактура на колкот. ‘Рскавицата на колковите ѝ се истрошила, па таа била принудена на операција.

Фото: Instagram / paulinaporizkov

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот