Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Поранешниот сопруг на Софија Вергара се сврши со 12 години помладата девојка, таа се пофали со прстенот

Џо Манганиело, актерот и поранешен сопруг на Софија Вергара, ја потврди својата свршувачка со долгогодишната девојка Кејтлин О’Конор (36), пишува „Дејли мејл“. Иако веста штотуку е објавена, Манганиело откри дека двојката е свршена веќе некое време.

„24 јуни 2025 година“, напиша актерот покрај две емотикони со прстени.

Веста за свршувачката дојде откако Манганиело ја претстави својата девојка на пријателите како негова свршеница на Филмскиот фестивал во Сан Диего, каде што доби награда за животно дело. Двојката првпат беше поврзана во септември 2023 година, само неколку месеци откако беше објавено дека неговиот брак со актерката Софија Вергара завршува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOE MANGANIELLO (@joemanganiello)

Манганиело и Вергара се венчаа во 2015 година, кога таа беше на врвот на својата слава благодарение на улогата во серијата „Модерно семејство“. Тие официјално ја објавија својата разделба во летото 2023 година, а само два месеци подоцна, актерот почна да се забавува со О’Конор, која е 12 години помлада од него. О’Конор го играше ликот Дајан Кенон во серијата на Ејч-би-о „Време на победи“, а исто така беше и гостинка во последната епизода од „Два и пол мажи“.

До декември истата година, тие веќе ја потврдија својата врска со заедничкото одење по црвениот тепих на прославата по повод 20-годишнината од Фондацијата „Деца на Ерменија“. Манганиело е Ерменец по мајчина страна и таа вечер доби награда.

Порано минатата година, Вергара откри дека таа и Манганиело се разделуваат затоа што тој сакал деца, а таа не сакала да биде „стара мајка“. Сепак, актерот подоцна ги негираше нејзините тврдења.

Манганиело и О’Конор планираат наскоро да се венчаат и да се обидат да основаат семејство.

„И двајцата се возбудени за тоа што носи иднината“, рекол изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот