ФОТО | Поранешната на Канје Вест се појави во највулгарното издание: Едвај ги сокри голите гради

Фото: Fati Sadou/ABACAPRESS.COM / Abaca Press / Profimedia

Поранешната девојка на раперот Канје Вест, актерката Џулија Фокс со последното модно издание се погрижи да ги привлече сите погледи кон себе. Иако не беше на црвениот тепих на доделувањето на Оскарите, таа се појави на 32. годишна забава на Фондацијата посветена за борбата против сидата на музичарот Елтон Џон.

Нејзината смела, но повеќе вулгарна модна комбинација се состоеше од мал црн фустан со реси со мониста што едвај ги покриваше нејзините гради. Всушност, брадавиците ги покри само со мали крстови.

Фото: Fati Sadou/ABACAPRESS.COM / Abaca Press / Profimedia

Инаку, станува збор за фустан од „Dsquared2“ за есен/зима 2024 година, а 34-годишната актерка реши да го комбинира својот изглед со златни алки, црни хулахопки и пар црни потпетици. Таа во нејзиниот сега препознатлив стил ги истакна очите со црн ајлајнер кој веќе стана нејзин потпис.

Дан и Дин Катен, Џулија Фокс / Фото: Kevin Parry / Shutterstock Editorial / Profimedia

Покрај поранешната девојка на Канје Вест, на забавата присуствуваа и Тифани Хадиш, Кетрин Мекфи, Зои Дешанел и Хајди Клум.

Поранешната девојка на Канје Вест призна: Во таа врска воопшто немавме секс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот