Поранешната девојка на Канје Вест призна: Во таа врска воопшто немавме секс

Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори со недели ги полнат интернет порталите со своето недолично однесување во јавноста, а од друга страна, неговата поранешна девојка Џулија Фокс открива дека немала интимни односи со познатиот рапер.
Италијанско-американската актерка и модел напишала мемоари кои треба да ги објави наскоро, а во книгата напишала многу за сексуалните односи со поранешните партнери, но го исклучила Канје.
На прашањето зошто не пишува за сексот со раперот, Џулија дала краток и јасен одговор:
„Затоа што го немаше. Не се работеше за тоа“, одговорила таа.
Инаку, контроверзниот рапер и Фокс првпат беа видени заедно неколку месеци откако стави крај на бракот со познатата старлета Ким Кардашијан.
Претходно, Фокс и другата поранешна девојка на Канје, Амбер Роуз, јавно проговорија за нивната врска со раперот на подкастот на Џулија „Забрането овошје“.
И двете се сложиле дека Канје ги опсипува своите партнерки со љубов за да има влијание врз нив.
Вест и Џулија беа заедно шест недели во 2022 година, додека Амбер и Канје имаа двегодишна врска од 2008 до 2010 година.
Едно е сигурно, по врската со раперот, кој ја шокира јавноста со своето однесување во јавноста, неговите партнерки стануваат глобално препознатливи.