ФОТО | Поради него го остави сопругот, а тој се самоуби: Принцезата Марта Лиуз се сврши со самопрогласениот шаман

Фото: Профимедиа

Норвешката принцеза Марта Луиз (50) и Американецот Дурек Верет (47) се свршија, соопштија од палатата.

Фото: Профимедиа

Пред две години ширум светот одекна веста дека познатиот писател и поранешен сопруг на норвешката принцеза Марта, Ари Бен извршил самоубиство на Божиќ. Од тој период, Марта е во центарот на вниманието на јавноста, за нејзиниот живот наголемо се пишува во медиумите, а нејзината врска со шаманот Дурек Верет ги заинтригира сите.

Марта и Дурек се во врска од мај 2019 година, а иако малку се знае за приватниот живот на Верет пред принцезата. Марта од нејзиниот прв брак, кој заврши во 2016 година, има три ќерки.

Фото: Профимедиа

Во соопштението објавено од палатата, кралот Харалд и кралицата Соња ја објавија свршувачката и му посакаа сè најдобро на парот во иднина. А, според наводите на норвешките медиуми, принцезата планира да се пресели во Калифорнија со своите ќерки.

Принцезата Марта е најстарото дете и единствена ќерка на норвешкиот крал Харалд Петти. Нејзиниот помлад брат Хокон е наследник на тронот. Марта Луиз се откажа од титулата кралско височество и ретко прифаќа такви обврски, иако еднаш беше обвинета во јавноста дека повремено ја користи титулата за комерцијални цели.

Фото: Профимедиа

Инаку, животот на Марта е многу нетипичен за еден член од кралското семејство и четвртиот наследник на круната. По професија е физиотерапевтка, но кариерата ја направи во забавната индустрија, основајќи компанија која се занимава со прикажување на норвешки бајки и народни приказни.

Поради своите тврдења дека е видовита и дека има комуникација со ангели, таа често предизвикуваше контроверзии.

Во норвешките медиуми таа беше особено критикувана поради нејзината љубовна врска со споменатиот Американец Дурек Верет, самопрогласен шаман, со кој има училиште за алтернативни терапии. Некои странски медиуми неодамна пишуваа и дека нејзиниот поранешен сопруг се самоубил бидејќи го оставила за да ужива во врската со шаманот.

Фото: Профимедиа

Неодамна во подкаст уште еднаш го шокираше светот кога рече дека разговара со ангелите и дека е видовита. Принцезата Марта Луиз по тој повод рече:

– Ми се превидуваше сешто кога бев во мојата соба. Бев преплашена кога спиев ноќе. Имав чувство на гушење и слично. Дури во возрасната доба моите родители ми рекоа дека еден нацист извршил самоубиство во мојата соба. Затоа таму имав кошмари, сега го разбирам тоа“, открила принцезата.

Инаку, дека принцезата е вљубена и дека ја пронашла сродната душа таа јавно призна уште во мај 2019 година.

„Кога ќе ја сретнеш својата сродна душа е прекрасно, а јас имав доволно среќа да ја пронајдам својата. Шаманот Дурек го промени мојот живот, токму како што ги промени животите и на многумина други. Тој ми помогна да сфатам дека безусловната љубов всушност постои на овој свет. Тој ме прифаќа без непотребните прашања и стравот, ме смее повеќе од сите“, изјави принцезата.

ФОТО | Никој не ја прифаќа нејзината врска со бисексуалниот шаман: Принцезата поради љубов се сели во Америка!

Норвешката принцеза поради бисексуалниот дечко повеќе нема да ја користи кралската титула (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот