ФОТО: Полициска шефица од Србија на телевизија во свечена униформа, со наопаку зашиено знаме и еполети

Фото: Твитер / принтскрин

Шефицата на полициската управа во српскиот град Смедерево, Весела Миловановиќ, деновиве привлече големо внимание со гостувањето на телевизија и стана „ѕвезда“ на социјалните мрежи, но тоа не е затоа што кажала нешто паметно.

Вниманието Миловановиќ го привлече со деталите од нејзината свечена униформа, на која и српското знаме и еполетите беа зашиени завртени наопаку.

Фотографиите од нејзиното гостување на локалната Телевизија Смедерево брзо се проширија на социјалните мрежи, а реагираше дури и полицискиот синдикат „Слога“ од Ужице, кој ја обвини за „нарушување на угледот на полицијата и кршење на службените должности“.

„Претходната недела во свечена униформа на „Телевизија Смедерево“ гостуваше началничката на Смедерево, Весела Миловановиќ. Темите на емисијата беа сериските убиства во Србија и разоружувањето на српските граѓани. Она што им падна во очи на гледачите на емисијата е елементарното непознавање на Правилникот за униформи, ознаки и опрема на полициските службеници, што го покажа началничката“, се вели во соопштението.

„Шефицата морала да го знае редоследот на боите на српското знаме и како да ги стави еполетите на рамениците. Во овој случај, гледачите можеа да видат дека редовите се превртени, а знамето на Србија е превртено наопаку, па изгледаше како знамето на Руската Федерација. Со ваквото однесување началникот на полициската управа Смедерево направил полесна повреда на службената должност пропишана со член 206 став 1 точка 5 од Законот за полиција’, се вели во соопштението на полицискиот синдикат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот