ФОТО | Почит или лицемерие: Меган Маркл длабоко се поклони пред ковчегот на кралицата

Фото: EPA-EFE

Ковчегот со телото на кралицата Елизабета вчера пристигна во Вестминстерската сала на Бакингемската палата во поворка која траеше триесет и осум минути. Кралското семејство ѝ оддаде почит на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската сала откако дворјаните присуствуваа на кратка служба, а Меган Маркл длабоко се поклони пред ковчегот на кралицата – еден од нејзините последни потези во чест на поранешниот британски монарх.

Фото: EPA-EFE

Во претходното интервју со Опра Винфри, кое деновиве е предмет на различни критики, Меган Маркл откри дека пред првата средба со кралицата морала брзо да го научи протоколот, односно поклонот и дека поранешната снаа на Елизабета Втора, војвотката од Јорк ѝпомогнала во тоа.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Со својот вчерашен гест Меган трогна многумина, додека кај други предизвика револт. Мислењата се поделени. Дел од јавноста ги смета за лицемерни потезите на Меган кон кралицата и укажуваат на сложениот однос што постоел меѓу неа и кралското семејство.

Фото: Профимедиа

Вистина е дека „мегзитот“ предизвикан од американската актерка и британскиот принц беше тежок удар за Елизабета Втора, но не треба да го игнорираме фактот дека Меган и Хари се обидоа да ја заштитат кралицата од закани насочени кон кралството.

Фото: EPA-EFE

По кратката служба, Меган и Хари беа видени како се држат за рака, како Зара (внуката на кралицата Елизабета Втора) и Мајк Тиндал – што беше снимено по 38-минутната поворка до Бакингемската палата.

Принцот Хари одеше заедно со својот брат принцот Вилијам за време на последното патување на кралицата од Бакингемската палата до Вестминстерската сала, додека Меган пристигна со автомобил со Софи, грофицата од Весекс.

Фото: EPA-EFE

Кралот и постарите членови на кралското семејство го поздравија ковчегот додека осум војници од четата на кралицата од првиот баталјон на гардата на Гренадир го носеа во салата. Поворката ја следеа постарите братучеди на кралицата, принцот Мајкл од Кент и војводата од Кент.

Фото: EPA-EFE

Заедно со војводата од Кент беше војвотката од Сасекс, грофицата од Весекс, принцезата од Велс, а потоа и кралицата Консорт.

Меган како да испушти длабока воздишка додека ковчегот на кралицата поминуваше пред неа.

Телото на кралицата пристигна во Вестминстер: Меган Маркл и принцезата Кејт во различни автомобили

ВИДЕО: Се онесвести гардист кој го чуваше ковчегот на кралицата Елизабета

„Фамозното“ интервју на Опра со принцот Хари и Меган номинирано за „Еми“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот