ФОТО | Почина холивудската мадам-макро со „црниот тефтер“: Еве кои славни мажи биле нејзини клиенти

Фото: Инстаграм/Профимедиа

Џоди Бејбидол Гибсон, една од најголемите макроа во Холивуд, почина во својот дом во Лос Анџелес на 64-годишна возраст.

Нејзината смрт ја потврди нејзиниот сопруг Ерик Меркел, со кого била во брак 12 години. Рекол дека Џоди умрела од природна смрт во сон и дека не боледувала од никакви болести, пренесува американскиот портал ТМЗ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristi Burke (@artistofallkinds)


Маркел изјавил дека смртта на Џодина можеби е последица на тоа што за кратко време изгубила многу килограми. Тој верува дека таа починала од „исцрпеност“, но и од стрес бидејќи парот бил среде судски спор и тужба што вклучувал продажба на нивниот дом.

Таа е родена и израсната во семејство кое се занимавало со шоу-бизнис. Нејзината мајка, Тоб Гибс, била скаут (пронаоѓач) за таленти. Токму таа го открила Том Круз. Нејзината сестра Ејми Гибсон имала завидна актерска кариера, а тетка ѝ била познатата џез-пејачка Џорџија Гибс.

По неуспешните актерски и манекенски обиди, таа на крајот стекнала слава под псевдонимот „Саша од долината“ (Sasha from the Valley), водејќи го еден од најголемите синџири за проституција во Холивуд. Во 1999 година била уапсена во тајната операција „Калифорнија сонување“ (California Dreaming) и обвинета е за организирање и водење на мрежата на проституција која дејствувала во САД и Европа.

Фото: Профимедиа

Џоди отслужила и затворска казна, а потоа во својата книга признала дека подведувала повеќе од 300 девојки, вклучувајќи порно-ѕвезди, манекенки и зајачици на „Плејбој“. Џоди на своите елитни клиенти им наплаќала до 3.000 долари од ноќ. Иако била осудена на три години затвор, одлежа само две и беше ослободена во 2002 година.

Џоди остварила и неколку филмски улоги. Таа глумела во хорор-филмот „Evil Laugh“ и гостувала во серијата „Up All Night“ и објавила неколку книги за своите денови на придружба на мажи (ескорт).

Нејзиниот „црн тефтер“ беше користен како доказ на судењето, во кој се впишани имињата на некои од најпознатите познати личности, како Брус Вилис, Дон Симпсон, гитаристот на бендот „Секс пистолс“ Стив Џонс и поранешниот гувернер на САД Бен Барнс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jody Babydol Gibson (@babydolscloset)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот