ФОТО | Почина големата модна икона: Ја загуби битката со ракот

Фото: Инстаграм

Памела Рук, која стана икона на британската панк рок сцена под името Џордан, почина на 66-годишна возраст.

Нејзиниот партнер Ник ја сподели веста за нејзината смрт и напиша за „Brighton and Hove News“:

– Почина мирно, на чекор од морето во родниот град Сифорд, Источен Сасекс, во друштво на своето сакано семејство синоќа (недела, 3 април) во 21 часот… Во периодот на боледување, таа им подлегна на релативно реткиот облик на рак познат како холангиокарцином (рак на жолчните канали). Џордан беше прекрасна жена и ќе се памети уште безброј децении кои доаѓаат.

Како што пренесува „Гардијан“, со нејзината исклучително имагинативна шминка и облека, Рук била главната точка на лондонската сцена од која се создадени „Секс пистолс“, Вивиен Вествуд и многу други. Нејзиното смело чувство за мода помогна да се спои панк естетиката на кожа, гума, исечени ткаенини, делумна голотија и други провокативни стилови. Рук се вработила во бутикот на Вествуд „Сек“ во доцните тинејџерски години.

– Трчав секој ден. Луѓето се плашеа од мене – изјавила подоцна за своите смели комбинации на облека:

„И што е смешно, бев прилично срамежлива.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsay Bown (@lindsaybown)


„Пистолс“ биле редовни посетители на продавницата – басистот Глен Метлок работел таму за време на викендите – а Рук станала нивна потпора на свирките, повремено појавувајќи се на сцената.

Еден од нејзините најголеми културни придонеси беше тоа што таа беше еден вид муза на режисерот Дерек Џарман, кој ја поставил за една од главните улоги во фантастичниот Јубилеј, глумејќи панкерка по име Амил Нитрат. Исто така се појавува и во неговиот дебитантски филм „Себастијан“.

Рук се откажала од работата во уметноста за да стане ветеринарна медицинска сестра и одгледувач на мачки.

– Работите станаа премногу брзи. Звучи навистина излитено, но нормалноста ми го спаси животот – рекла таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Edwin Haines (@bobbysoxxx)

Нејзе ќе ја игра актерката од „Игра на тронови“, Мејси Вилијамс во драмата „Пистол“ на Дени Бојл, која ќе се емитува во мај. Рук неодамна опишала како ја советувала Вилијамс за нејзиниот настап:

– Она што ѝ го кажав беше: „Ти си во позиција да играш многу силна улога, навистина силна жена“. Јас сакав да бидам јас, уметничко дело кое оди и бев целосно непоколеблива. Така таа мораше да го внесе тоа во улогата.“

Многу фанови и колеги се простија од неа преку социјалните мрежи, а Глен Метлок напиша само:

„Ќе ни недостигаш девојко!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот